Уапсен Oguz Guven, уредник на турскиот дневен лист “Cumhuriyet”, вкупно 145 новинари лежат во турските затвори

од desk3

Турската новинска агенција Anadolija објави дека минатата недела дека новинарот  Guven е задржан во притвор поради извештај поврзан со смртта на јавниот обвинител кој загинал во автомобилска несреќа. 

Guven е еден од 13 членови на редакцијта Cumhuriyeta кои завршиле зад решетки поради обвиненија поврзани со тероризам.

Овој дневен печат често е критички настроен кон турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган и неговата влада, а поранешниот главен уредник на весникот  Can Dundar живее во егзил во Европа.

Во турските затвори се затворени  145  новинари, вклучувајќи го и германскиот известувач Deniza Yucela.

Слични содржини