Уапсен претседателот на Шпанската фудбалска федерација

од Vladimir Zorba

 Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Анхел Марија Вилар е уапсен утринава, јави мадридски „Ел Паис“, повикувајќи се на извори во правосудните власти. 

Вилар е осомничен за проневера на фондовите на Федерацијата.

Заедно со него е уапсен и неговиот син, како и повеќе други осомничени лица, како дел од една поширока операција на полицијата и на обвинителството.

Весникот открива дека операцијата била предводена од истражните органи на Вишиот суд во Мадрид и на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата.

Вилар, кој е поранешен шпански фудбалер, е претседател на фудбалската федерација уште од 1988 година.

Во време на неговото раководење со шпанскиот фудбал, репрезентацијата на Шпанија беше два пати првак на Европа, а во 2010 година и светски шампион.

Анхел Марија Вилар е 29 години во управувачките органи на ФИФА

Слични содржини