Уапсен синот на Жан Клод Ван Дам за неколку обвиненија

од Vladimir Zorba

Најмалиот син на актерот Жан Клод Ван Дам, 21-годишниот Николас Ван Уорнберг, беше уапсен по неколку обвиненија, вклучувајќи поседување на дрога. Ова беше објавено од страна на TMZ. Инцидентот се случи во Темпа, Аризона.
Соседите на момчето се јавиле на полицијата, бидејќи тој почнал да ги уништува лифтот во зградата и оставил крвава патека до вратата на неговиот стан.

Соседот на Николас им ја отворил вратата на полицијата и, откако разговарале за ситуацијата, полицајците си заминале. Но, по 20 минути, сепак тие биле вратени од соседот, бидејќи синот на актерот му се заканил со нож.

Полицијата го пронашлае ладно оружје и марихуана во станот, заедно со апарат за пушење. Најмалиот син на Ван Дам е обвинет за напад со оружје и држење на заложник, како и поседување на дрога и уреди за нивно користење.

Слични содржини