Уапсени 12 лица во аферата „Агрокор“

од Vladimir Zorba

  Во истрагата поврзана со „Агрокор” денеска се уапсени 12 лица, односно сите кои се осомничени, освен основачот на концернот Ивица Тодориќ и неговите синови Анте и Ивана кои не се во Хрватска.

Заедно со Тодориќ и неговите синови, осомничени се и членови на управниот или надзорен одбор, како и двајца вработени во ревизорската куќа Бејкер Тили.

Како што информираат хрватските медиуми, тие ќе бидат испитани во вторникот наутро.

Хрватската полиција извести дека, со оглед на опсегот на потрагата по домови и деловни простории на осомничените најверојатно ќе продолжи утре.

Слични содржини