Уапсени шест лица во Санкт Петербург осомничени за поврзаност со ИД

од Vladimir Zorba

 

Шест лица се уапсени во Санкт Петербург поради сомнеж дека регрутирале луѓе за џихадистичката група Исламска држава, како и дека помагале во терористички активности, соопшти денеска рускиот Истражен комитет.

Како што не се наведува, нема докази дека уапсените, кои се инаку по потекло од централниот дел на Азија, на некаков начин се поврзани со бомбашкиот напад во метрото.

Уапсените се сомничат дека од ноември 2015 година регрутирале и други мигранти од центрачниот дел на Азија за „терористички активности“ и за ИД, но и за исламското движење „Нусра фронт“.

За време на претресот во нивните домови била пронајдена литература за екстремистички ислам, наведува Истражниот комитет/MIA

Слични содржини