Уапсениот осомничен за убиство во обид на Села, Ацо „Тошта“ заврши на Кардиологија

од desk4

Скопјанецот Александар Јаневски (57), познат под прекарот „Тошта“, еден од петтемина кои денеска беа приведени поради постоење на основано сомнение дека учествувале во бруталното претепување на пратеникот Зијадин Села, заврши на Клиниката за кардиологија.

Според сознија на „СУДСТВО.МК“,  Јаневски,  доцна попладнево,  додека сѐ уште бил на распит во Полициската станица „Кисела Вода“, се пожалил дека не се чувствува добро, по што полицијата повикала возило на Итна медицинска помош и тој бил транспортиран на државната Клиника за кардиологија.

 Дали на осомничениот нешто му е констатирано или не засега останува непознато, но доколку се потврди дека со него е се во ред, тогаш Јаневски ќе биде спроведен во Јавното обвинителство каде треба да даде свое видување за бруталните настани од 27. април, оваа година, кога десетици хулигани, по насилниот упад во Собранието, брутално се пресметуваа со пратениците на СДСМ и со пратеникот Зијадин Села од „Алијансата на Албанците“.

Полицијата утрово ги приведе Андреј Мицов (22), Коста Делов (26), Никола Војминовски (39), Стојан Павлески – „Кобра“ (51) и споменатиот Александар Јаневски „Тошта“ поради сомнеж дека сториле кривично дело: убиство во обид.

За осомничените, во законски рок од 24 часа, судија на птретходна постапка ќе треба да решава по предлог за определување на притвор.

За напад и претепување на Зијадин Села веќе се осомичени и притворени татко и син, но во текот на денешниот дена МВР побара од граѓаните да помогнат во идентификувањето на уште три други лица.

Слични содржини