Уапсениот во германската провинција Баварија маж кој превезувал во автомобил оружје и експлозиви, се подготвувал да оди во Париз, но засега нема докази дека е поврзан со терористите кои ги извршиле нападите во Париз, пренесе ТАСС.

327738-siriskiot-terorist-od-pariz-bil-vo-kampot-na-leros (1)

– Можеме да утврдиме дека има врска со Париз, но во моментов не можеме да потврдиме дали е поврзан со терористичките напади, изјави претставник на локалната полиција.

Претходно полицијата соопшти дека 51-годишниот маж е уапсен на 5 ноември и дека меѓу оружјето кое го превезувал, имало осум автомати „Калашников”, две рачни гранати и 200 грама ТНТ. Во навигацискиот систем на автомобилот како крајна цел бил подесен Париз. Инспекторите пронашле исто запишан на лист адреса во француската престолнина.

Уапсениот молчи и само потврдил дека сакал да го посети Париз.

Слични содржини