Апсењето на четворицата албански државјани минатиот петок под обвинение за тероризам, следувало по добиените инфромации од израелската тајна служба, објави електронското издание на весникот „Панорама“, повикувајќи се на изори во Министерство за внатрешни работи на Албанија.терор

– Израелската тајна служба Мосад доставила информации до албанските власти дека се подготвува терористички акт против израелските фудбалери на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Израел на 19 ноември во Скадар, наведува „Панорама“.

Како што јави дописникот на МИА, веднаш по добиените информации, албанските власти ги превзеле сите потребни мерки, по што следувало апсењето на четирите лица, а најмалку 30 се под истрага поради поврзаност со ИД.

Поради постоење сомнеж дека е можен обид за терористички напад, фудбалскиот натпревар Албанија-Израел, во договор со израелската фудбалска федерација наместо во Скадар, ќе се одигра на стадионот во Елбасан

Слични содржини