Белгиските власти уапсија уште пет лица за натамошни полициски проверки во Брисел, пренесува Ројтерс.

2110937398

Од канцеларијата на федералниот обвинител појаснија дека се извршени вкупно пет операции на територијата на Брисел и две во источниот дел на градот Лиеж.

Претходно во неделата беа уапсени вкупно 16 лица во реонот на Брисел и Шарлероа. Запленети се 26 000 евра за време на спец-акциите. Сите запленети предмети ќе бидат подложени на тестови.

„Сан“: Еден од петмина британски муслимани со „симпатии за ИД“

“Автомобилот BMW кој не застана за рутинска проверка во реонот на Лиеж, не е предмет на истрага”, додаваат уште од властите. Во медиумите се појави информација дека Салах Абдеслам, единствениот жив терорист од париските атентати, избегал токму со таков автомобил во насока на Германија.

“Автомобилот беше сомничен, дополнителни проверки покажаа дека нема поврзаност помеѓу него и тековните операции”, изјавија обвинителите.

Брисел денес изгледа како во неработен ден, главниот град на Европската унија изгледа дури морничав, објави новинарот Најо Тицијан. Училиштата и метрото остануваат затворени и денес поради “сериозна и непосредна” закана. Највисокиот степен на опасност во белгиската престолнина останува во сила и во следното деноноќие.

Слични содржини