Убедливи победи за Словачка и за Англија

од Vladimir Zorba

 – Идентични победи со по 3:0 забележаа репрезентациите на Англија над домаќинот Полска и на Словачка против Шведска синоќа во 3.коло од Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година.

Словаците го совладаа бранителот на трофејот Шведска со головите на Мартин Криен, Јарослав Михалик, Лубомир Сатка во 73. минута. По овој резултат Словачка е со шанси да биде најдобро пласирана втора репрезентација и да игра во полуфиналето.

Триумфот на Англија над домашната селекција и го обезбедија Демараи Греј, Џејкоб Марфи и Луис Бејкер од пенал.

Табела: Англија 7 бода, Словачка 6, Шведска 2, Полска 1

Слични содржини