Убедливиот Бостон и Вашингтон, еден против друг во вториот круг

од Vladimir Zorba

Бостон и Вашингтон ќе се сретнат во вториот круг од плеј-офот во НБА, откако ги отстранија Чикаго и Атланта со 4-2 победи.

Така двата тима ќе расправаат за место во финалето во Источната конференција.

Вашингтон се наметна со 115: 99 во шестиот натпревар од серијата против Атланта, како водеше од првата до последната минута.

Бекот на Визардс, Џон Вол постигна 42 поени за успехот, а другиот лидер на тимот Бредли Бил додаде 31.

Пол Милсап постигна 31 поени и 10 скока за Атланта, а Денис Шредер и заврши со 26 поени и 10 асистенции.

Малку подоцна Бостон тотално декласираше Чикаго, како на моменти водеше со 30 поени разлика, а конечно се наметне со 105: 83.

Ејвори Бредли реализира 23 поени за Бостон, а Џералд Грин додаде 16.

За Чикаго Џими Батлер постигна 23.

Слични содржини