“Моето име е смрт на предавниците, слобода за Британија”. Оваа изјава ја даде убиецот на британската пратеничка Џо Кокс при првото сослушување пред судот. Повторно запрашан кое е неговото име, 52-годишниот Томас Мер го повторуваше истото и следуваше целосен молк во салата.

2111108981

Против Мер беа покренати уште неколку обвиненија и останува во притвор. Пресудата најверојатно ќе биде доживотен затвор.

Во четвртокот во гратчето Барстол крај Лидс, Томас Мер ја застрела два пати пратеничката од Лабуристичката партија Џо Кокс, по што ја избодел со нож. При нападот настрада и 77-годишен маж, кој приткнал на помош на 41-годишната жена.

Во нејзино сеќавање, тревникот пред британскиот парламент е опсипан со цвеќиња од обични луѓе и политичари од сите партии. Џо Кокс беше застапник на каузата Британија да остане во ЕУ и да се има повеќе грижа за децата на сириските бегалци на Островот.

Слични содржини