Убиен еден од напаѓачите во Барселона, најмалку 13 загинати

од desk2

Тринаесет лица загинаа, а најмалку 50 други се повредени, кога денеска комбе влета во пешаци во центарот на Барселона, соопшти вечерва каталонската полиција, која претходно случајот го оквалификува како терористички напад.

Шпанските медиуми јавија дека еден од напаѓачите е убиен кога се обидел да ги избегне барикадите надвор од Барселона.La Vanguardia  соопштува дека тој бил убиен во рој од куршуми, кога бил забележан на еден контролен полициски пункт, каде се обидувал да избега од градот.

 

Шпанскиот весник „Публико“ претходно објави дека во врска со нападот полицијата привела две лица, од кој едниот е идентификуван како Дрис Укабир, на чие име е изнајмено комбето со кое е извршен нападот. Меѓутоа, полицијата ги негираше ваквите информации, посочувајќи дека е уапсено само едно лице, но не го соопшти неговиот идентитет.

Нападот се случи на популарна пешачка улица Лас Рамблас, во близина на плоштадот Плаза Каталонија. Досега никој не презеде одговорност за нападот. Полицијата ги негираше информациите, што ги објавија дел од шпанките медиуми дека двајца вооружени мажи се забарикадирале во еден бар во центарот на Барселона, каде држат заложници.

Весникот „Ел Паис“, пак, објави дека се слушнати истрели во зоната околу блискиот пазар Ла Бокерија, додека „Вангардија“ информираше дека во престрелка со полицијата е убиен еден од напаѓачите, но полицијата ги негираше и овие информации. ТАСС јави дека автомбил удрил во тројца полицајци, кои се обиделе да го запрат поради контрола на булеварот „Дијагонал“ во Барселона.

По ударот во полицајците, возачот го оставил автомобилот и побегнал во непознат правец. Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се врати во Барселона. Од јуни 2016 година во Европа се регистрирани седум напади шро ги изведоа исламисти, меѓу кои и оние во Ница, Берлин, Лондон и Париз.

Слични содржини