Здравата исхрана е нешто прекрасно и би требало сите луѓе да се стремат кон тоа. Сепак, никој не е безгрешен и на секој од нас ни се случило да “престапиме” со неодоливо парче торта, примамливо чоколадо или вкусен сладолед во жешките летни денови.49e9915dddea64f2cf78e1be53e2b109

Обично искушенијата стануваат неодоливи кога човек чувствува глад. Тогаш тој е повеќе склон да заборави за корисната храна и да го “скроти ѕверот во себе” со она што му се нуди – најчесто некој исклучително нездрав производ.

Затоа е важно да знаете како да се справувате во овие напнати ситуации. Ви нудиме неколку начини со чија помош може да се стиши крикот на гладот ​​за само 15-тина минути :

1. Уживањето во прошетка

Новото истражување докажува дека 15-минутна прошетка значително го намалува ризикот да згрешите со некоја калорична и штетна храна. Општо земено умерените интензивни вежби, дури и за краток период на време, може да им помогнат на луѓето да го регулираат својот внес на храна.

2. Пијте чај од ѓумбир

Ѓумбирот е ваш пријател, не само затоа што е корисен, но и затоа што ќе ви помогне да се справите со желбата да консумирате нешто слатко.

3. Пијте една чаша вода

Ако пак немате  чај од ѓумбир, пробајте да го скротите гладот ​​само со вода. Често се случува човек да ја меша жедта со глад, особено кога телото му е значително дехидрирано. Обично една нормална чаша вода е доволно силна за да го победи вашиот глад.

4. Замислете дека го јадете она што го посакувате

Малку чудно, но зошто пак да не пробате. Во суштина слични претстави би ја зголемила желбата да ја добиете забранетата храна за која сонувате, но според новото истражување ментална слика во главата всушност ќе ги скроти вашите страсти. Ние сепак остануваме малку резервирани кон овој метод …

5. Помирисајте јасмин

Во случај да често ви се нудат некакви забранети јадења, носете во својата чанта мирис на јасмин. Според австралиско истражување овој мирис ќе го победи вашиот глад.

Фото: Thinkstock

6. Дремнете за кратко

Неколку истражувања докажуваат дека недостатокот на доволно сон  е поврзан со пониска отпорност кон гладот ​​за нездрава храна. Затоа, ако почувствувате дека сакате да каснете нешто штетно, наспијте се дури само на 10-15 минути. Во случај да ја немате таа можност, едноставно легнете или потпрете се на столот со затворени очи.

7. Каснете протеини и влакна

Тие ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолго време, бидејќи овие хранливи материи се мелат побавно од организмот. Јатки како ‘фстак и бадеми се одлична можност со која ќе ја избегнете нездравата храна.

Слични содржини