Тело на починато машко лице од околу 50 години беше пронајдено попладнево во 18 часот и 50 минути на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

6195537609_4c3d254147_b (1)

 

Според МВР, најверојатно станува збор за бездомник, а случајот во полиција го пријавила екипа на Итната медицинска помош.

 

На телото нема траги на насилство, но сепак е предадено на обдукција. Од таму треба да информираат како починал засега се уште неидентификуваниот маж.

Слични содржини