Училиштата и метрото во Брисел ќе бидат отворени од среда. Ова го соопшти премиерот Шарл Мишел по седницата на Советот за национална безбедност.брсел

Тој не пропушти да предупреди дека заканата за белгискиот главен град е сериозна и непосредна. Премиерот изјави дека за останатите области на неговата татковина заканата се оценува како “можна и многу веројатна”, што е претпоследниот степен пред оваа за главниот град.

Според службата за проценка на опасностите, можните цели на терористите остануваат без промена – јавни места, трговски центри, јавен превоз.

Властите поднесоа обвинение против еден од приведените при антитерористичките рација , јави  RTBF.

Од обвинителството најавија дека против уапсениот се покренати обвиненија за учество во терористичка група. Други 15-тина приведени биле ослободени.

Од петмината уапсени од 23 ноември беа пуштени двајца.Против останатите тројца се спроведува истрага. Властите  и натаму не го откриваат идентитетот на уапсените.

Слични содржини