УХМР: Нестабилно време во Охридско-струшкиот и Дебарскиот регион

од desk2

Управата за хидрометеоролошки работи попладне соопшти дека нестабилна воздушна маса доаѓа од албанското подрачје и се придвижува кон Македонија.

Нестабилна облачност има во југозападниот дел од државата и зафатени се Охридско-струшкиот и Дебарскиот регион.

Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекува нестабилното време да ја зафати целата држава.

Слични содржини