9mm_Pistol
На 23.06.2016 година во Скопје, на ул „Ордан Чопела“, непознат сторител извршил тешка кражба од паркирано ПМВ „Алфа Ромео 147“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на С.Ј. (38) од с. Јегуновце, тетовско. Сторителот насилно ја отворил совозачката врата и одзел кожна чанта во која имало пиштол, 17 куршими, како и лични документи. Бил извршен увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 23.06.2016 година во 23.20 часот во ЕИК-Скопје, В.П. (31) од с.Рашче, скопско, пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од неколку лица во кафе бар во ТЦ „Лептокарија“. Во наведеното време пријавителот заедно со ќерка на негов пријател отишол во кафе барот да разговараат за вработување и додека стоеле во летната тераса истиот забележал дека влегле лицата С.Х., Ф.В., И.Д. и уште две непознати лица, кои биле во униформи на агенција на обезбедување. Кога се доближиле до него почнале веднаш, без повод и причина, да го удираат со тупаници и пендреци во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја без свест продолжиле и со клоци да го удираат по целото тело. Напаѓачите потоа го изнеле од кафе барот и го однеле позади едно казино. Кога пристигнале полициски службеници на местото на настанот повикале Брза помош, која го однела В.П. во Ургентен центар каде му биле констатирани повреди во пределот на главата, телото и десната нога. Направен е записник и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини