Украден трофејот од Лига Европа во Мексико

од Vladimir Zorba

Трофејот од Лигата на Европа беше украден и потоа пронајден во мексиканскиот град Леон, објавија локалните власти.

Купот на вториот по важност европски клубски турнир беше на рекламна турнеја во Мексико. Според информациите, трофејот е украден од автомобил, но подоцна бил откриен од страна на полицијата.

Во моментов, натпреварувањето е во полуфиналната фаза, откако Арсенал – Атлетико Мадрид и Марсеј – Салцбург ќе спорат за место во финалето.

Слични содржини