Украдени податоци за 57 милиони корисници на Убер, американската и британската влада започнаа истраги

од desk4

Американската компанија Убер призна дека се обиделе да „заташкаат“ хакерски напад во кој што биле украдени податоци за 57 милиони корисници и возачи.

Хакерскиот напад се случил кон крајот на 2016 година, а украдени биле 57 милиони имиња, имеил адреси, адреси и телефонски броеви.

Настанот бил „заташкан“ откако Убер платиле 75 илјади долари на хакерите за да ги избришат информациите. За сега не е пријавено дали некои од податоците се злоупотребени, ниту дали хакерите ги избришале.

– Сигурно се прашувате зошто дури една година покасно зборуваме за ова. И јас истото се прашувам, па затоа спроведовме истрага за тоа што се случи и како ја замолчивме приказната, рече извршниот директор Дара Косровшахи.

Тој призна дека е голема грешка тоа што веднаш не ги известиле корисниците, но сепак кажа дека брзо реагирале за да ги заштитат.

По сознанијата за тоа, дел од американските конгресмени побараа специјално сослушување и вмешување на Федералната комисија за трговија.

– Доколку Убер навистина тајно им платил на хакерите за да го сокрие пробивот, тогаш можното прикривање на инцидентот е проблематично и мора да се истражи, изјави конгресменот Франк Палоун.

Истрага најавија и британските власти, а според нивните закони се предвидуваат и казни до половина милион фунти доколку не бидат известени корисниците и регулаторите кога се случува недозволено откривање на податоци.

– Намерното прикривање на пробив на информации од граѓаните и регулаторите може да значи и уште повисоки казни за компаниите, додаде Дипл-Џонстон.

Слични содржини