Украина донесе закон со кој се ограничува користењето на рускиот јазик на телевизиите

од Vladimir Zorba

Украинскиот Парламент усвои вчера закон, со кој се предвидува три четвртини од телевизиските програми во земјата да бидат на украински јазик, со што се ограничува употребата на рускиот јазик, јави БТА.

Законот беше поддржан од 269 пратеници, 15 гласаа „против“, а десет беа „воздржани“.

 Мерката беше одобрена од Парламентот една недела по блокирањето во Украина на серија руски интернет страници, меѓу кои рускиот пребарувач Јандекс и популарните социјални мрежи ВКонктакте и Однокласники.

Според новиот закон украинските национални медиуми се задолжени да емитуваат 75 проценти од емисиите на украински, додека за помалите регионални медиуми квотата е 50 проценти.

Се очекува наскоро претседателот Петро Порошенко да го потпише законот и тој официјално да влезе во сила.

Слични содржини