Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека Анкара ќе му одобри на Киев кредит од 50 милиони долари за покривање на буџетскиот дефицит.

– Благодарни сме за 10-те милиони долари хуманитарна помош. Му благодариме и на турскиот претседател за помошта од 50 милиони долари за покривање на буџетскиот дефицит, истакна Порошенко на прес-конференција во Киев по средба со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Денешниот разговор меѓу Порошенко и Ердоган траеше три часа, по што започна седница на стратешкиот украинско-турски совет. /МИА

Слични содржини