Украинската полиција го уапси Михаил Саакашвили

од Vladimir Zorba

   Полицијата во Киев доцна синоќа го уапси поранешниот грузиски претседател и актуелен лидер на украинското опозициско Движење на новите сили, Михаил Саакашвили, соопшти јавниот обвинител на Украина, Јуриј Луценко.

epa06368308 Ukrainian Security Service officers arrest the former Georgian president and ex-Odessa Governor Mikheil Saakashvili (C) in downtown Kiev, Ukraine, 05 December 2017. The leader of the Movement of New Forces Party Mikheil Saakashvili has been detained in Kyiv on the roof of a residential building housing his flat amid a raid by the SBU Security Service and the Prosecutor General’s Office of Ukraine. Saakashvili was given a notice of suspicion connecting with the financing of the anti-government rally and tent camp near of Ukrainian Parliament as local media reported. EPA/STEPAN FRANKO

Во објава на својот профил на Фејсбук, Луценко наведе дека Саакашвили „се наоѓа во изолација“, додавајќи дека безбедносните сили при тоа сториле се со цел да се „избегне насилство и крвопролевање“.

Веста за апсењето на Саакашвили беше потврдена и на неговиот профил на Фејсбук.

– Итно. Го уапсија Михаил Саакашвили, стои во објавата, со која се повикуваат неговите приврзаници да се соберат на протест пред затворската единица во која е притворен опозицискиот лидер.

Украинските медиуми јавија дека по објавувањето на информација за апсење на Саакашвили, група негови поддржувачи се собрале пред седиштето на Службата за безбедност на Украина.

Полицијата успеа да го уапси Саакашвили дури во трет обид, откако во претходните два неговите проврзаници не им дозволија на полициските сили да го лишат од слобода,

Обвинителството го товари Саакашвили за обид за уривање на уставниот поредок, откако тој за време на минатиот викенд организираше протести против украинскиот претседател Петро Порошенко.

Полицијата првпат се обиде да го уапси Саакашвили во вторникот претпладне во неговиот дом, но тој се качи на покривот на зградата во која жовее и ги повика поддржувачите на протести. Набргу потоа, маса луѓе се осбраа пред зградта и го извлекоа од полициското комбе во кое беше притворен.

По ова неговите приврзаници поставија камп од шатори во близината на Парламентот, од каде Саакашвили го повика претседателот Порошенко да поднесе оставка и го обвини за корупција.

Во средата во утринските часови полицијата повторно се обиде да го уапси, упаѓајќи во протестниот камп.

– Полицијата ме бараше во мојот шатор, но по грешка влегоа во соседниот, каде ги претепаа моите поддржувачи. Го прашувам Порошенко, каква е целта на овие провокации? Не ги напаѓајте луѓето, не ги терајте да се бранат. Ова е мирен протест, напиша Саакашвили на Фејсбук по вториот неуспешен обид за негово апсење.

При судирите беа повредени 13 лица, од кои 11 поддржувачи на Саакашвили и двајца полицајци,

Саакашвили, кој беше водач на протестното движење што го урна од власт поранешниот грузиски претседател Едуард Шеварднаѕе, беше претседател на Грузија од 2008 до 2013 година. Во 2015 година, по Мајдан револуцијата во Украина, која тој ја поддржуваше, Саакашвили доби украинско државјанство и Порошенко го именуваше за гувернер на областа Одеса.

Но, лани во ноември Порошенко го разреши од гувернерската позициција, по што Саакашвили ја формираше својата партија и започна со обвинувања за криминал и корупција против шефот на државата и Владата. Порошенко во јули годинава донесе и одлука за одземање на украинското државјанство на Саакашвили,

Претходно, уште во 2015 година, властите во Тбилиси му го одзедоа и грузиското државјанство./МИА

Слични содржини