Украински хакери објавија планови на Кремљ да удри по Украина, Москва негира

од desk3

Имало ли тајни руски планови за намерно дестабилизација на Украина во периодот ноември 2016 година – март 2017 година? Според Киев категорично да, а според Москва – категорично не. Новото затегнување на односите меѓу Украина и Русија стана факт откако украинската хакерска група CyberJunta објави дека ја разбила кореподенцијата на еден од топ советниците на Владимир Путин за прашањата кои се однесуваат на Украина – Владислав Сурков.

ukraina

Веруваме дека објавените од хакерите mail-ови се автентични, објави Олександр Ткачук, портпарол на украинското разузнавање, цитиран од списанието Foreign Policy. Од Кремљ веднаш негираа – рускиот портпарол Дмитриј Песков ја прогласи поштата за фалсификат, бидејќи Сурков не користел воопшто електронска пошта, пишува “Спутник”.

За што станува збор – CyberJunta става акцент особено на два мејла пишувани од асистентот на Сурков- Павле Карпов до самиот Сурков. Првата пошта е насловен “Приоритетна акционен план за дестабилизација на социјално-политичката ситуација во Украина”, а вториот е “Акционен план со конкретни мерки за постигнување на федерален автономен статус на област Закарпатија”.
Во документот од прватапошта детално се опишува како можат да бидат организирани “национални” протести против важечката украинско влада со помош на опозициски партии како опозициски блок (наследникот на Партијата на регионите на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович), “Баткившчина” односно партијата на поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко и Радикалната партија на Олег Лјашко. За таа цел се предвидува ставање на компромати – лажни видео и звучни клипови, како и фабрикувани копии на кореспонденција меѓу украинскиот претседател Петро Порошенко и негови соработници кои докажуваат корупција на високо ниво во власта во Киев. Активирањето на компроматите требало да се направи со помош на постојните украински пратеници. За Закарпатието и статусот , идејата опишана во е-маилот на Карпов до Сурков, е да се финансираат одредени групи, за да може да се произведат во јавноста процеси како во Донецк и Луганск.

“Го познавам Сурков од над десет години и сум слушнал што ли не за него. Во повеќето случаи слушнатото беше многу далеку од вистината “, лаконски коментира портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Слични содржини