Украинскиот супер автомобил ќе се продава со цена од 700 000 евра

од desk3

Откако порталот “Segodnya” направи интервју со основачот на фирмата, на интернет се појавија првите фотографии на супер автомобилот. Разликата е дека Himera Q е првиот таков од Украина, чиј погон најверојатно ќе е целосно електричен, а цената ќе биде околу 700 000 евра.

Во ова интервју, станува јасно дека машината – вклучувајќи го погонот и шасијата – се развива од украински инженери (самите креатори на компанијата исто така се Украинци). Малата разлика е дека во моментов работата на возилото се наоѓа во Шпанија. Потоа производството може да се пренесе во Украина, но тоа не е сигурно.

Коосновачот на компанијата Агнес Евсеев вели дека во проектот учествуваат десет луѓе, а за создавање на двата прототипи беа потребни две години. Во моментов тие се на тестирања во Шпанија.

Еден од моделите е опремен со електричен погон со графит батерија, своерачно направена од инженерите на компанијата. Во обичен режим таа може да биде наполнета за половина час, по што Himera може да измине 100 км. Во “турбо режим” полнењето трае осум минути. Максималната брзина на возилото е 350 км/ч.

Производителите на Himera Q работат исто и на компактниот електромобил KULEG, кој би можел да стане конкурент на Smart. Предвидената цена на моделот е околу 8.000 евра.

Слични содржини