Украинските грчко-католици се чувствуваат предадени од Ватикан по историската средба меѓу папата Фрањо и рускиот патријарх Кирил и нивната заедничка декларација за конфликтот во источна Украина, пренесе Франс прес.

pope-francis-patriarch-kirill

Текстот на заедничката декларација на двајцата високи духовници, кој ја повикува Православната и Католичката црква во Украина “да се воздржат од учество во конфронтацијата и да не поддржат понатамошен развој на конфликтот” во источна Украина “предизвика длабоко разочарување меѓу многу верници во нашата Црква и меѓу украинските граѓани “, изјави шефот на украинската унијатска црква Свјатослав Шевчук.

“Многу луѓе се поврзаа со мене да ми кажат дека се чувствуваат предадени од Ватикан, разочарани од полу-вистини во текстот и од индиректно поддршка на Светата Столица за агресија против Украина”, рече тој.

Според отец Свјатослав оваа изјава имплицира дека Украина е театар на граѓански конфликт, а не на агресија на соседна држава.

Слични содржини