Ултра-националистот Жириновски ќе направи ДНК тест со кој ќе ја докаже врската со Трамп

од desk3

Американците треба да гласаат за Доналд Трамп или да ризикуваат да бидат однесени во нуклеарна војна, изјави во интервју за Reuters контроверзниот руски ултранационалист Владимир Жириновски.

images-1
“Американските гласачи треба да сфатат дека ако гласаат за Трамп, гласаат за светскиот мир. Но ако гласаат за Хилари – тоа ќе е војна. Краток филм. Хирошима и Нагасаки ќе се насекаде “, коментира Жириновски, кој сака гласно да говори и да се споредува со кандидатот на републиканците.
Жириновски, кој во 2002 година се сретнал со Трамп, постојано изразува задоволство од заеднички сличности со американскиот бизнисмен. И двајцата се на иста возраст, го поддржуваат грубиот и на моменти женомразачки јазик и го користат секој мил случај, за да се пофалат со љубов кон државата.

download-1

Пред некое време ексцентричниот руски политичар дури изрази желба да си направи ДНК тест со кој ќе ја докаже врската со Трамп. Според него сега “Трамп има идеална шанса да ги подобри меѓународните односи”, па дури и додава дека републиканецот може да стане следниот добитник на Нобеловата награда за мир, како и дека неговата победа на изборите би била “подарок за целото човештво”.

Владимир Жириновски е основач и лидер на Либерално-демократската партија на Русија, која и покрај називот прокламира ултра-националистички ставови. Тој се кандидираше 4 пати за претседател, но неуспешно.

Слични содржини