Уменици на Adidas дизајнираа 50 модели патики, по еден за секоја американска држава

од desk2

Adidas ангажираше 12 уметници за да дизајнираат посебен вид Ultraboost патики за секоја држава во САД.


Уметниците се одбрани со помош на страницата Refinery29, а инспирациите се детали кои се поврзуваат со секоја држава посебно.

На пример, за државата Висконсин инспирацијата е сирењето, за Алабама – цвеќето, за Алјаска – снегот, за Аризона – залезот на сонцето, за Арканзас патриотизмот и рудниците со дијаманти, за Калифорнија “ombre” небото за време на залез.

Патиките се продаваа на online аукција, а приходите ги доби здружението Women Win кое е посветено за јакнење на ќените водачи
Сите може да ги видите на страницата на Adidas.

Слични содржини