Умерен земјотрес го погоди Лезбос

од Vladimir Zorba

   Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала беше регистиран на грчкиот остров Лезбос, во близина на брегот со Турција.

Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека потресот се случил во 22:50 часот по локално време (19:50 по Гринич).

Епицентарот се наоѓал на 31 километри јужно од градот Митилини, на длабочина од 10 километри.

Подоцна беа почувствувани три последователни потреси со интнзитет од три и 3,8 степени.

Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Во понеделникот Лезбос и турското крајбрежје беа погодени од земјотрес со интензитет од 6,2 степени, при што загина едно лице.

Над 800 луѓе на островот беа принудени да ги напуштат своите домови.

Ноќеска повторно стресе во Македонија

Грција се наоѓа во трусно подрачје и потреси со интензитет од над пет степени не се реткост.

Слични содржини