Умерен земјотрес на грчкиот остров Алонисос

од Vladimir Zorba

  Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала бил регистриран на грчкиот остров Алонисос во Егејското море, јави електронското издание на весникот „Прото тема“.

Потресот го почувствувале и жителите на соседните острови Скопелос, Скијатос, но и во некои делови на континентална Грција.

Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на островот Алонисос.

Нема информации за повредени лица, ниту за причинета материјална штета.

Слични содржини