Умерено облачно време со сончеви периоди

од desk2

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и утринска температура од три до 11, а дневна од 19 до 28 степени.

Кон крајот на денот, според УХМР, облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има услови за слаб дожд во крајните западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има услови за слаб дожд. Утринската ќе достигне до 8 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 26 степени.

Од утре следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во понеделник во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни.

Слични содржини