Македонската уметница Марија Светиева, вечерва во галеријата “Сингидунум” во Белград ќе ја отвори својата 38. самостојна изложба.

45015A454EC7464AAF0C8FBF3D19AA5E

Изложбата е претставена со текст од Ефтим Клетников во каталогот со наслов “Низ лавиринтот на битието”, во кој се вели дека ликовниот свет на Светиева е поетизирано гледање на стварноста. “Кај Светиева не е важно да биде претставено предметното туку емотивниот однос кон него со психолошка експресија во потегот, во бојата и во атмосферата”, пишува Клетников, кој зборува за густ слој емоции, за имагинарен свет кој е асоцијативно богат и естетски доволно сугестивен.

Слични содржини