us nas

Активистите масовно се собираат пред Владата од каде што планираат да продолжат кон Уставниот суд за кадешто е закажан протестот. Зградата на владата е под силно полициско обезбедување, а пред неа поставени се картони на коишто пишува „Устав“, а под нив горат свеќи.  CdmsFqeUAAAAKtz1

 

Пред Владата започнаа да се собираат граѓани на најавениот протестен марш против очекуваната одлука на Уставниот суд со која ќе му се овозможи на претседатеалот на државата можност за помилување за изборни измами, како и на осудени за педофилија и други тешки дела. Протестот е во организација на граѓанската иницијатива АЈДЕ!, а вчера доби поддршка и од опозициската СДСМ. Лидерот на партијата, Зоран Заев, ги повика граѓаните на протест за заштита на Уставот.

CdmpIPWUMAAxiY8[1]

Други граѓани се уште доаѓаат кон Владата.

CdmprIwXIAEiCRZ[1]

CdmqZtLWIAA2_uD[1]

CdmseYvW8AAqsDv[1]

CdmrRnHWoAAMhbm[1]CdmrpW8W4AANR1r[1]CdmsFqeUAAAAKtz[1]

Cdmsf91WoAAvBFr[1]

CdmtjXDVAAAe_3n[1]

Протестот ќе продолжи покрај канцеларијата на Иванов на Рекорд, па пред Собранието, и планирано беше да заврши пред зградата на Уставниот суд каде ќе има ноќно „бдеење“, во пресрет на утрешната седница, која судот во последен момент ја затвори за јавност.

Сепак, уште од денеска напладне просторот околу Уставниот суд го запоседнаа граѓани кои се појавија на контра-проест. Официјално, како организатор се јави градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, но за протестот се собираше присуство преку владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Контра-демонстрантите не знаеја да објаснат зошто се таму, но кажаа дека се спремни и да се тепаат доколку има потреба.

ОД СДСМ според информации на Локално.мк нема да дизволат судир и пресметка меѓу граѓаните.

ФОТО – Твитер

Слични содржини