мигранти пруга
Околу сто бегалци од Блискиот Исток штрајкуваат со глад и жед незадоволни од однесувањето на унгарските власти, јави репортерот на Танјуг.

Бегалците, кои се наоѓаат на „ничија земја“, седат на ледината, а околу нив се наоѓаат транспаренти испишани на англиски јазик: „Без храна, без вода“.

Граничниот премин Хоргош 1 е затворен, па на тој премин има огромна гужва. Тука се поставени и мобилни „контејнери-судници“ за барателите на азил.

Унгарија од полноќ применува изменет закон за границата според кој за илегален премин на границата е предвидена затворска казна од три години./МИА

Слични содржини