Унгарија отвори мала воена база за да го спречи влезот на мигрантите

од desk2

 

Министерот за одбрана на Република Унгарија, Иштван Симицко, отвори мала воена база на јужната граница за да се спречи влезот на имигрантите. Тој рече дека војниците работат за заштита на границите и затоа стотици илјади не можат да маршираат во оваа земја, извести  АП. Минатата недела, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, рече дека новата ограда што се гради на границата со Србија, која е опремена со апарати за следење, може да го блокира големиот број на мигрантите и затоа во Австрија и Германија луѓето можат да спијат мирно, бидејќи Унгарците ќе ги бранат надворешните граници на ЕУ. На крајот од 2015 година, Унгарија изгради бариери за мигранти на границата со Хрватска и со Србија. Во новата воена база во Херцешанто, ќе има 150 војници.

Слични содржини