Унгарската армија денес започна  да гради ограда по јужната граница на земјата со Србија, за да престане  прилив без преседан на мигранти, пренесоа американските медиуми.

20150714.kdasaknedm

Според податоците на Унгарската новинска агенција (МТИ) работата на објектот започна утрово во околината на гратчето Морахалом каде булдожер подготвува теренот за градежните активности.Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијрто веќе изјави дека 4-метарската ограда ќе се гради во осум до десет од областите изложени на најголем емигранти притисок. Околу 80 000 мигранти и бегалци влегле во Унгарија во 2015 година 80 проценти од нив се од земји како Сирија, Ирак и Авганистан, каде се водат војни. Повеќето аплицираат за азил, но брзо потоа заминуваат за други, побогати земји од Европската унија како Германија и Шведска, уште пред да добијат решение за барањата

Оваа ограда  минатиот месец беше најавена од популистичкиот премиер Виктор Обран  и наиде на загрижени реакции од Србија и од Европската унија.

Првиот дел од оградата, за која неодамна германскиот канцелар Ангела Меркел оцени дека нема „никаква смисла“, почна да се подигнува точно  на околу 180 километри јужно од Будимпешта.  и покрај реакциите на европските лидери ,Парламентот во минатата недела ја одобри изградбата на оваа бариера во должина од 175 километри.

Слични содржини