Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) предупреди денеска на насобирање на бегалци и мигранти во Србија поради заострувањето на граничната контрола и затворањето на границите во соседните држави, кои се соочуваат со нов се поголем бегалски бран.

мигранти (1)

Нагласувајќи дека речиси четири илјади мигранти и бегалци секојдневно влегуваат во Грција и заминуваат кон север, претставникот на УНХЦР, Адријан Едвардс нагласи дека кризата е во пораст и дека се префрла од една држава во друга.

Тој додаде дека построгите гранични контроли, кои прво ги воведе Унгарија, а потоа и Хрватска, се закануваат со создавање на „тесно грло во Србија, која не е земја со силен систем за азиланти“.

– Нема да ги решите проблемите со затворањето на границите, додаде тој.

УНХЦР соопшти дека над 442.440 лица го минале Медитеранот од почетокот на годината, додека  2.921 лице загинале при тоа.

Слични содржини