УНИЦЕФ: Повеќе од 25 милиони деца во светот се лишени од образование поради воени конфликти

од Vladimir Zorba

Детскиот фонд на ОН објави податоци според кои 25 милиони деца во светот на возраст меѓу 6 и 15 години, се лишени од можноста да посетуваат училиште поради различни  вооружени конфликти во земјите .

Сите тие се дел од 22 земји и претставуваат 22 проценти од вкупниот број деца на планетата од оваа возрасна група. Организацијата нагласува дека најтешко е ситуацијата за децата во Јужен Судан, каде надвор од образовниот систем остануваат над 72% од децата.

На второ и трето место се подредуваат Авганистан и Чад со соодветно 55 и 53 отсто.

Без средно образование пак најчесто остануваат децата во Нигер – цели 68%, од кои три четвртини се девојчиња. “За време на војна образованието е најважното нешто. Без него децата не можат да развијат својот потенцијал и да придонесат за стабилното иднина на своите семејства, заедници и држави”, истакна Џозефин Борн – раководителка на одделот во УНИЦЕФ за прашањата за образованието.

Слични содржини