US-советник со многу храбра прогноза: „Исламска држава“ до година умира и банкротира

од desk4

САД очекуваат самопрогласениоткалифат Исламска држава (ИД) да престане да постои до крајот на следната година. Ова го изјави советникот на државниот секретар на САД, директор за политичко планирање во Стејт департментот Брајан Кука.

Според оценките на коалицијата предводена од САД за борба со ИД, терористите имаат изгубено 95% од територијата, која пред тоа ја контролираа во Сирија и Ирак. ИД загубиа 95 проценти од териториите кои ги контролираше во Ирак и Сирија, откако беше создадена оваа коалиција во 2014 година, рече американскиот специјален пратеник на коалицијата за борба против ИД, Брет Макгиер во соопштението објавено по средбата во Јордан.

Во 2014 година ИД контролираше речиси половина Сирија и речиси една третина од Ирак и најави калифат на оваа територија. Повеќе од 7,5 милиони луѓе се веќе ослободени од ИД, рече МекГиер. Тој, исто така, рече дека приливот на странски борци во Сирија скоро престанал и прецизира дека се ’повеќе борци се запрени на границата.

Макгиер соопшти дека Интерпол има база на податоци од 43.000 имиња, кој им овозможува на земјите партнери да ги откријат и да ги задржат борците при рутински патни проверки или обид за премин на меѓународна граница. Финансирањето на групата сега е на најниско ниво, рече тој.

Ние вршиме притисок на ИД истовремено на терен и во сајбер-просторот каде се бориме против терористичката пропаганда, рече МакгиерИма зајакнување на соработката и безбедноста на границите, на безбедноста на воздухопловството, на финансиските санкции и на споделувањето на разузнавачки информации, вклучувајќи, за да се спречи ИД да врши напади во нашите земји, рече американскиот претставник.

Слични содржини