Usapolitics24hrs.com: Трамп го зеде на нишан спонзорот №1 на грантовите – Џорџ Сорос ќе биде прогласен за закана за националната безбедност на САД

од Vladimir Zorba

Трамп го обвини Сорос  за “закана за националната безбедност на САД”, откако стапи на функцијата на крајот на месецов, соопшти Usapolitics24hrs.com, цитиран од бугарските медиуми, кои ги бараат неговите корени во земјата и исчезнатите пари на бугарските граѓани.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров бил замолен од преодниот тим на новоизбраниот претседател да ги обезбеди сите достапни информации поврзани со Сорос, повикувајќи се на документ од 6 март 2014 година и станува збор за специјална наредба, потпишана од претседателот Барак Обама, која го носи името “Блокирање на сопственоста на одредени лица поврзани со ситуацијата во Украина”.

“Јас, Барак Обама, претседател на САД, наоѓам дека активностите и методите на лицата кои ги поткопуваат демократските процеси и институции во Украина, му се закануваат на мирот, безбедноста, стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, придонесуваат за одземање на имотот и претставуваат вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД и затоа прогласувам вонредна состојба за справување со оваа закана “, пишува во него.

Во придружните документи приложени кон дипломатското барање пак на преодниот тим на Трамп се вели уште дека 25 дена по потпишувањето на односниот документ од Обама, на 31 март 2014 година дипломатски телеграми покажуваат дека Сорос, кој се сретнал со американскиот амбасадор во Украина Џефри Пајет навистина работел за “поткопување на процесите и институциите во Украина”, како за цел да ја совлада државата.

Тој “создавал предуслови за војна” со мислењето дека “Планот за федерализација”, предложен од Владимир Путин на Ангела Меркел и Обама, ќе доведе до тоа  Русија фактички ќе влијае и ќе ги контролира источните региони на Украина “.

Всушност “Планот за фередализација”, поддржан од претседателот Путин, канцеларката Меркел и претседателот Обама би довел до мирно предавање на власта во оваа земја – но поради нелегалната интервенција на Сорос доаѓа до масовен конфликт и крвопролевање во кој гинат 9.600 лица: посочува usapolitcs24hrs .com.

И додава дека причината Обама да не го обвинува Сорос за грубото кршење на наредбата е фактот дека милијардерот ја спонзорирал Демократската партија, која го направи претседател, со грандиозен износ од 100 милиони долари.

Така Сорос поставил рака врз неа по примерот на јагнешката партија кај нас, чија цел е да се дојде до власта и позиции и да побегне од правдаата дел од неговите клиенти се ексминистрите Трајчо Трајков и Симеон Џанков, Прокопиев, избегнатиот во странство пишман банкар Цветан Василев, посочуваат бугарските медиуми кои ја цитираат информацијата на американскиот сајт .

Со репутација на алчен милијардер од 90-тите години, Сорос и претходно бил нарекуван од програмата 60 Minutes News мистериозен, бидејќи во интервју со Стив Крофт вели дека 1944 година е најсреќната година во неговиот живот, бидејќи на крајот на Втората светска војна тој создава богатство, благодарение на користеното конфискувано нацистичко богатство на Евреите, е испратени во концетрациони кампот.

Во моментов светот на Сорос се руши, а тој се користи со претседателот Путин за страшило за да го отстрани вниманието кон неговите сопствени злосторства.

Во моментов Сорос ја користи својата финансиска моќ за да ја уништи републиканската партија. Единствената пречка во шемата му е Трамп.

Слични содржини