Уште еден член од семејството Макрон во Елисејската палата

од Vladimir Zorba

Емануел и Бриџит Макрон наскоро ќе посвојат кутре. Претседателска традиција е во Елисејската палата да има куче и многу често тоа е лабрадор. Но, месец откако семејството Макрон се смести во претседателската палата сè уште нема свое милениче. Според информациите Емануел и Бриџит Макрон ќе посвои нов станар од засолниште за бездомни кучиња.

Претседателската двојка нема за првпат да има домашно милениче. Тие веќе се сопственици на Фигаро – аргентинско куче, кое живее во Пикарди заедно со Тифани Озиер помалата ќерка на Бриџит Макрон. За време на мандатот на Саркози во Елисејската палата населен беше лабрадор.

Едниот светол лабрадор беше подарок од медицинскиот универзитет во Монтреал во 2008 година, а вториот црн лабрадор, исто подарок од Канаѓаните во 2014 година од Федерацијата на поранешните француски борци од Монтреал.

Интересно е дека претседателот Ширак за време на неговиот мандат од Елисејската палата направи вистинско засолниште за кучиња – три малтешки болонки. Тој имаше и црн лабрадор исто подарок од медицинскиот универзитет во Монтреал.

Слични содржини