Уште еден хорор вечерва во с. Бачиште: Кучиња нападнаа жена – лекари ја крпеа нејзината рака

од desk2

Се случува ли хорор во кичевско Бачиште каде пред неколку дена кучиња изгризаа до смрт три годишно дете. Според информации на телевизија 24 вечерва во селото кучиња повторно нападнале возрасна жена, која се спасила од смрт но завршила со повреди на едната рака.

Лекари од кичевската болница за нас го потврдуваат случајот и велат дека жената била примена кај нив а потоа била испратена на хирургија каде и била санирана повредата на раката. Од полицијата во Охрид пак велат дека до нив се уште не дошла пријава за нов напад во Бачиште.

Слични содржини