Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 17 часот ќе ги продолжат средбите на работните групи во Клубот на пратеници. Средбата е одложена за два часа на барање на ВМРО-ДПМНЕ.
На дневен ред пред преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и од ДПА ќе се најдат законите за влада и за таканаречените „свиркачи“.
Лидерите на четирите политички партии вчера има целодневна средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, но не постигнаа никаков договор.
Како што изјавија претставници од двете политички партии, доближување на ставовите има, но конечен договор, сепак, нема.
Денеска е последен рок партиите да постигнат договор за преодна влада и да се изберат министри и заменици-министри.
Се очекува на денешната средба да присуствува и белгискиот олеснувач Питер Ван Хојте.