Уште едно лице уапсено во Шведска поради нападот во Стокхолм

од Vladimir Zorba

Шведската полиција соопшти дека уапсила уште еден осомничен во врска со минатомесечниот напад со камион во Стокхолм, во кој загинаа четири лица, а повредени беа 15.

Неименуваното лице е приведено вчера, по налог на обвинителството.

Осомничениот возач, барач на азил од Узбекистан, е идентификуван како Рахмат Акилов и се наоѓа во притвор.

Полицијата соопшти дека второто апсење следело по анализите на материјалот собран по нападот./META

Слични содржини