Ибрахимовиќ може да израмни рекорд на Јунајтед стар 91 година

од Vladimir Zorba

images

Шведскиот интерлационалец, Златан Ибрахимовиќ може да влезе во историјата на Манчестер Јунајтед  викендов на натпреварот против Хал, информира порталот Дерби.

Тој беше стрелец на првите три меча за Јунајтед, а вкупно има четири погодоци. Ако успее да постигне гол и против Хал, Ибрахимовиќ ќе стане првиот играч на „црвените ѓаволи“ кој се запишал во листата на стрелци на првите четири меча уште од сезоните 1924/25 и 1925/26.

Актуелен рекордер е Џими Хенсон, кој беше стрелец против Хал, Блекпул и Дерби Каунти во ноември 1924 година, по што направи пауза од фудбалот до септември 1925 година, кога ја продолжи голгетерската серија против Астон Вила.

Слични содржини