Усмртил маж со теренско возило па побегнал

од desk2

Со теренско возило прегазил маж и дете, по што мажот починал, но возачот побегнал од местото на несреќата оти бил нападнат од друго лице.


Во вторникот околу 17.30 часот на ул.„1“ во село Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода во која лицето А.С. (29) од село Арачиново, управувајќи теренско возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешаците С. Ш. (60), кој починал на местото и едно шестгодишно дете, кое било пренесено во Ургентен центар Скопје за укажување на лекарска помош.

По настанот возачот А.С. го напуштил местото, а во полициска станица се пријавил во 20.30 часот и изјавил дека бил нападнат од непознато лице и затоа побегнал од местото.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини