катица2

– постојната власт во Р. Македонија не е демократска, туку апсолутистичка;

– со оваа одлука на Уставниот суд, не само што се дава можност да бидат помилувани досегашните злодела во областа на изборните нерегуларности и нивните носители, туку се дава виза за тоа ваквите криминали да станат практика, да се омасоват и да станат норма на однесување, наместо да се третираат како тешка и неопростива девијација („навали народе, прави злосторства против човештвото, лажирај избори, нема проблем, ќе бидеш амнестиран“!);

– се потврдува оправданоста на обвиненијата за изборни нерегуларности на СЈО, односно се покажува вината на обвинетите;

– влегуваме во зона на системска криминализација на општеството и на државата, до распад на моралот, затоа што официјалниот систем на вредности е ревидиран темелно, при што она кое некогаш претставувало најголемо злосторство (злосторства против човештвото, освојување на власт на нерегуларен и нелегитимен начин, педофилија и др. „содоми и гомори“ и гревови).

Ја повикувам целата стручна и интелектуална јавност да ја осуди оваа одлука на Уставниот суд и да не дозволи таа да почне да се практикува;

– го повикувам претседателот на Република Македонија да даде јавна изјава на осуда на ваквата злоупотреба на Уставниот суд на РМ, во спротивно и тој ќе биде дел од овој антидемократски и антицивилизациски чин, кој ќе ја деструира нашата држава од внатре, системски, неповратно.

– ја повикувам демохристијанската партија ДПМНЕ да престане да се повикува на народот, оти со оваа одлука да се помилуваат вршители на дела против човештвото дефинитивно се лиши од тоа право. ДПМНЕ поттикна и допушти да се донесе уставна одлука со којашто ќе се помилуваат и ќе се стимулираат, систематски, и во иднина, злодела против народот (народот е дел од човештвото), вклучително и против македонскиот. ДПМНЕ не заштити ниту едно суштествено право на македонскиот народ за време на своето владеење и треба да престане да зборува во име на македонскиот народ.

 

Фејсбук статус на Катица Ќулавкова