Уставен суд расправа дали УБК може да прислушува без судски налог

од desk3

Уставниот суд денеска расправа за уставноста и законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации кој на телекомуникациските оператори во Македонија им наложува да ги обезбедат сите технички услови за УБК да ги следи комуникациите во нивните мрежи без судски налог.

Иницијативата за разгледување на уставноста и на законитоста на овој член е поднесена во 2015 година, односно истата година кога СДСМ почна со објавување на разговори од незаконското следење на комуникациите, т.н. „бомби“.

Инаку, укинување или измена на членот 175 од Законот за електронски комуникации е и една од препораките во извештајот на германскиот експерт, Рајнхард Прибе, од 2015 година.

„УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува отсликување на комуникацискиот сигнал. Уредите за пренасочување треба да бидат преместени во просториите на телекомуникациските оператори. Операторите треба да ги активираат и да ги пренасочуваат сигналите до надлежните органи (полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) или до безбедносните органи (Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и одделот за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана) само по добивањето на релевантна судска наредба и само за целите на законското прислушување. Под кои било околности, УБК не треба да има практична можност за директно пресретнување на комуникациите“, беше наведено во извештајот на Прибе./НоваТВ

Слични содржини