Цела ноќ  и утрово, Уставниот суд е блокиран од приврзаниците на власта. Опозицијата и граѓански активисти на „Ајде„ најавија протест, ама местото претходно им го зазедоа партите и поддржувачите на власта. Опозиционерите најавија бдеење и „чување на демократијата“ но си отидоа сепак на спиење, а власта остана да бдее, за да си го чува судот ,тој Уставниот,  за себе.

plostad-1-640x480

Па така, наместо пред Уставниот суд протестот на граѓанската иницијатива  „Ајде“  заврши пред старо-новиот Македонскиот народен театар. Ги спречи полициската блокада од хермелини и кордон од специјалци, да продолжат понатаму, а и реално се немаше воља или цел за судир ниту со полицијата , ниту со контрапротестантие кој во име на ВМРО ДПМНЕ ги организираше Стевче Јакимовски , а ги сервисираше и со народ, и со автобуси, и со сендвичи ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните  од страна на опозицијата не останаа да бдеат над Уставот,  бидејќи добиле најави за засилено екипирање на демонстранти од другата страна на контрапротестите.Не било безбедно.  Тие пак тргнаа на засилување, откако ја видео оваа сериозна маса на опозицијата која се движеше по улиците на Скопје , на почетокот на протестот.

Cdm5vBSWwAAqCzy1CdnAzI0WIAAkD-m1CdmsFqeUAAAAKtz1

Протестниот марш почна пред Владата, потоа продолжи пред Народната канцеларија на претседателот Иванов, Собранието и партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ па се до театарот. Да го заштитиме Уставот од Уставните судии порачаа револтираните граѓани на протестниот марш. Со измените на законот за помилување велат постои опасност од зголемување на криминалот и дополнителна мотивација за прекршителите да очекуваат помилување.

 Protesten marsh f1

Протестот доби подршка од дел од  политичките партии. и од СДСМ. Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев порача дека граѓаните тргнуваат во борба да си ја вратат слободата и правдата.

– Секој свесен човек во оваа наша земја им се придужи граѓанските организации кои навреме закажаа мирен протест, уште во четвртокот. Уште еднаш, пред одлуката на Уставниот суд, да протестираат со единствена порака дека Уставниот суд мора да го штити Устваот и законите на РМ. Контрапротестот, ова безобразие и дрскост е врв на апсурдноста, последни искри на лудилото, како што вели Ставревски.

Z.Zaev f1Се работи за лудило на оние што ја водат земјата, за да спротивстават народ против народ . Тоа нема да им го дозволиме. Оваа Македонија е наша земја што треба да ја чуваме а не да се конфротираме.

полиц

Вечерва се ќе се заврши мирно, без насилие, сите заедно се надеваме дека Уставниот суд ќе се предомисли и нема да ја донесе одлуката.

Во исто време на другата страна пред Уставниот суд , имаше помала маса луѓе кои по овие слики повикаа засилување и тргнаа автобусите од Македонија. Власта брзо се оргганизираше и и веќе околу 22 часот дојдоа нови 30  автобуси „спонтани демонстранти“ кои првенците од ВМРО ДПМНЕ по список  си ги пребројуваа.1931942_10206422451304489_2136578320_n-685x320

Утрово во 5 часот повторно се ротираат нови групи , носени со автобуси од внатрешноста на Македонија , како  се нарекуваат „демонстранти за заштита, или чувари на Уставниот суд и институциите“.12821515_10208296636949541_1299575093957043076_n

Другите, од опозицијата, како што се нарекуваат „ чувари на демократијата“ ,  по една досадна претстава на крајот на протетстот,  си отидоа да спијат. ДА нес е трошеле а и не било безбедно беше објаснувањето.

ОД протестот и контра протестот, од власта и опозицијата се виде сега на ред е  Уставниот суд . Тие на затворена седница за јавноста и новинарите,  треба во втората фаза  да ја поминат Иницијативата за измени во Законот за помилување, тогаш претседателот ќе има зголемени ингеренции и ќе може да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, педофилија и тешки кривични дела против човештвото.

Тие денеска тоа ќе може да го решаваат без притисок од опозицијата, таа си замина. Освен ако не се смета  за притисок и опсадата на демонстрантите на власта.  Или тоа е нормално.

Слични содржини