Усвоена Стратегијата за Западен Балкан

од desk2

Европската комисија ја усвои „Веродостојната перспектива за проширување за Западен Балкан и поголем ангажман на Европската унија во тој регион“, во Стразбур.

Со тоа ја потврди европската иднина на регионот како геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа базирана на заеднички вредности.

Во стратегијата се наведува дека до 2025 година ЕУ може да има повеќе од сегашните 27 членки но и дека брзината на напредување на тој пат зависи од поединечните залуги и конкретни резултати на секоја земја одделно, соопшти ЕУ.

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер порано наведе дека 2025 година не е година кога Србија и Црна Гора мора да бидат во Еу, туку дека тоа е индикативен датум и охрабрување.

„Иако во текот на сегашниот мандат нема да има понатамошно ширење, денес ЕК зацрта европски пат за Западен Балкан. Со силна политичка волја , реални и непрекинати реформи, како и конечно решавање на споровите со соседите , Западен балкан може да тргне напред на својот европски апт. А дали тоа ќе го постигне, зависи од објективни заслуги“, рече Јункер.

Тој додаде дека Европската комисија ќе биде строга, но и праведна и додеаде дека ќе отпатува во секоја земја од Западен Балкан кон крајот на месецов со јасна порака да продолжат со реформите.

Со оценка дека Србија и Црна Гора најмногу напредувале на европскиот пат и до 2025 година можеби би можеле да станат членки Стратегијата ги објаснува чекорите кои тие две земји треба да ги направат за да го завршат процесот на пристапување .

„Другите може да ги стигнат, но Црна Гора и Србија се единствени две земји со кои на големо се водат разговори за пристапување“, се наведува во текстот и се додава дека перспективата конечно зависи од силната политичка волја, постигнување реални и непрекинати реформи, како и конечни решенија за споровите со соседите“. се наведува во текстот.

КОга станува збор за Македонија и за Албанија се оценува дека овие две земји постигнуваат значителен напредок на европскиот пат и дека Комисијата е подготвена да подготви препораки за отворање пристапни преговори, врз основа на исполнети услови.

За БиХ во Стратегијата се наведува дека Комисијата ќе почне да подготвува мислење за пријава за членство на Босна и Херцеговина по што ќе добие Прашалник.

Со постојани напори ангажман, БиХ може да стане кандидат за придружување, се додава во текстот.

КОга е Косово во прашање се наведува дека има прилика за одржлив напредок низ спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и напредок на европскиот пат кога тоа ќе го дозволат објективните околности.

Високата претставничка на ЕУ Федерика МОгерини изјави дека Западен Баклан е дел од Европа.

„НИе делиме историја, иста географија, исто културно наследство и исти можности и предизвици денес и во иднина. Имаме и заеднички интерес да работиме повеќе во тесна соработка за да гарантираме на нашите граѓани економски и социјален развој и безбедност“, вели могерини.

ДОдаде дека стратегијата за Западен Балкан пружа заедничка, јасна, несомнена, веродостојна и конкретна перспектива на евроинтеграција за секој од шесте партнери.

„Оваа стратегија го покажува патот пред нас: дека сите шест наши партнери го надминале минатото засекогаш, и дека сите ние заедно ќе го направиме процесот на Западен Баклан кон ЕИ неповратен и ќе продолжиме кон обединување на континентот“, додаде Могерини.

Таа рече дека следниот месец е клучен за да може да се искористи оваа историска и единствена прилика .

Комесарот за политика на соседство и преговори за проширување Јоханес Хан рече дека денес се потврди дека вратата на Унијата е отворена за Западен Балкан кој веќе претставува енклава окружена со ЕУ.

„Со нов пристап кој е поддржан од конкретни мерки ние го зајакнуваме процесот на проширување кој за возврат бара веродостојни напори и реформи, особено да се зајакне владеењето на правото. НИе мора да работи за добробит на нашите граѓани“, рече Хан.

Слични содржини